19/02/2026
ПОКРИВНИ ГРАДИНИ
- кои се придобиките во денешното време?
- потекло ?
- инсталација ?
- цена ?
- поставеност низ светот ?
- поставеност на зелените површини и на покривните градини
кај нас?
Принципот на сочувување на природните предели и нивното вклопување во уметнички израз на парк треба да биде водечки приницп во пејсажната архитектура, бидејќи одговара на конкретни задачи на заштита на природата и рационално користење на природните ресурси. За обезбедување успех во создавањето на парковските пејзажи важно е секој од нив има индивидуален уметнички израз, кои се формира во зависност од положбата и природните услови во средината, од начинот на живеење на луѓето во околината, од стилиот на пејзажниот архитект.
Покривните градини се имплементираат на покривите на различни типови на објекти и го создаваат ликовниот израз на поркривната слободна површина. Луѓето одгледувале расетнија, треви и најразлични билки уште од многу одамна, но денес , се поголемиот замав на индустријализацијата ги натера луѓето да спроведат принцпи на покривни градини. Покривните градини постојат од многу одамна, но денес целиот тој процес е доста усовршен во однос на дренажа, заштитини мембрани, хидроизолација.
Покривните градини имаат голем придонес во однос на изолацијата, намалувањето на сметките за греење и ладење во објектот на кои се инсталирани, како и огромен придонес во одржувањето на чиста и здрава, урбана животна средина, во централните градски подрачја.
Во зависност од својот дизајн се делат на повеќе наменски, а во зависност од начинот и видот на изработата се делат на неколку типови кои се различни по нивната обемност и начин на имплементирање.
Потеколото на покривните градини не враќа милениоум наназад во Вавилонскта Империја, каде се пртпоставува постоење на најраните висечки градини на Семирамида, едно од седумте светски чуда.
Порано во историскиот преглед, покривните градини се поврзуваат со култот за Адонис- феникиски бог, симбол на процветата, се претпоставува дека култото бил така што кога умира тој (секоја година) , бил погребуван на покривите на куќите, затоа покривите и терасите требало да бидат украсени со растенија. На терасите биле наредени глинени садови во кои имало засадено брзо растечки цвеќиња. Празникот на Адонис бил почитуван и во императорските Рим и Грција.
Уште оттогаш луѓето сфаќаат дека треба секој слободен простор, па макар и да не е на земјата да се искористи за зеленило, како што Римјаните ги користеле своите тераси и покриви за да одгледуваат растенија.
Ако дадеме осврт на покривните градини ќе сфатиме дека, во минатото се граделе, за разубавување на просторот и на архитектурата на самиот објект,а денес се прават од потреба , поради немање на доволно простор на површината на земјата за зелени површини, па така се прават покривни градини, како цел на инфилтиррање на воздухот, разубавување на простор како и други придобивки кои ги имаат.
Модерните зелени покриви кои се поставени како слоеви на кровните конструкции за развивање на некои видови и збогатување на животната средина се релативно нов, феномен, не земајќи го во предвид, времето кога не се класифицирале како покривни градини и кога не биле правени и имплементирани на денешниов начин.
Модерниот тренд за поставување нз зелени покривни, односно покривни градини започна во Германија во 1960 година и оттогаш се шири во многу земји. Денес се претпоставува дека 10 % од сите германски покриви претставуваат покривни градини. Зелените покривни стануваат и се повеќе актуелни во САД иако се разликуваат доста со оние зелени покривни кои се створени во Европа.
Голем број на европски земји направија здруженија за промовирање на зелените покривни и давање до знаење на луѓето за нивните придобивки од зелените покриви, такви земји се: Германија, Швајцарија, Холандија, Норвешка, Италија, Австрија, Унгарија, Шведска, Велика Британија и Грција. Имено во градот Линц во Австрија се инсталираат пркетирани покривни градини уште од 1983 година, а во Швајцарија постои закон за имплементирање на покривни градини од 1990 година. Во Белика Британија, нивната примена оди бавно но многу градови имаат развиено политика за поттикнување за свеста за имплементација на покривни градини, такви градови се Лондон и Шефилд
Полстојат три типа на користење на покривните градина, еден, како прекрасна покривна градина, со убав поглед на сопственикот, место за мир и релаксација, од друга страна непречено живеалиште за флората и фауната во гратските центри. Во двета варијанти се обезбедува, широк спектар на приватни и јавни бенефиции. Донесувањето на одлуката, за чија и каква примена ќе има покривната градина треба да се случи уште во текот на нејзиното планирање и проектирање. Покрај тоа, мора да се обрни внимание за селективноста на растенијата, носивоста на кровната конструкција, начинот на поставување и одводнување, во завистност од типот на покривната градина и условите. Следните критериуми можат да послужат за карактеризирање на три различни типови на покривните градини.
Покривните градини најчесто се наоѓаат во урбаните средини. Растенијата имаат способност, да ја намалат вкупната, топлинска апсропција на зградата, која потоа ја намалува потрпшувачката на енергија. Сето ова влијате на тоа дека не даваат сончевите зраци да бидат одбиени од бетонскиот или каков и да било кров на зградата, туку ги собираат растенија со својата почва, а потоа во ладните денови, служат како изолација на тој објект. Исто така освен изолација го разубавуваат и кровот на тој објект, како и не во толку големи рамки, бидејќи повеќето од растенијата кои се користат се со многу ниска растителност и се тревни растенија, доведуваат и до пречистување на воздухот.
Една студија на националниот совет на истражување на Канада, покажа разлики, помеѓу покриви со градини и покриви без градини, против температурата. Студијата покажува, температурни ефекти на различни слоеви , на секој покрив, во различни периоди од денот. Покривните градини, се очигледно многу корсисни во тој поглед, односно има огромни разлики меѓу објекти без и објекти со покривни градини во однос на температуратурните разлики, апсорпцијата, заштедата на енергија како и топлината во одередени делови од денот и одредени годишни времиња.
Во големите градови исто така има огромен проблем со атмосферските канализации, односно ако нив ги нема, не се доволно големи или пак атмосферските води се слеваат во канализацијата, која има сосема друга намена. За таа цел, да се намали проблемот со излевањата на таквите канализации, полавувањето на улици, одредени делови од градот, како и индивидуални имоти како и ниски катови од стамбени објекти, се препорачува правење на покривна градини, која барем ќе ги намали слевањата од крововите на зградите при дожд, снег, град и слично, односно градината ќе ја задржи водата за себе.
Постоечките покривни градини, ја зголемуваат вредноста на градежниот објект ( и на понудените услуги, ако е хотел или зграда со канцеларии за изнајмување), со што инвеститорот си ги враќа вложените средства. Покривната градина, на бизнис зграда или хотел ги импресионира не само купувачите и посетителите, туку и вработените, бидејќи обезбедува пријатна атмосфера за работа како и пријатна средина за релаксација и остварување на средби.
Се поставува прашањето: Зошто покривната градина или градината на тераса неможе да се изгради на земјено ниво??
За жал, во централните делови на големите градови, не останува ниту една педа земја за да се купи и стане зелена оаза. Овој факт е поодамна анализиран во поголемите градови во Европа и САД и воедно го наметнува трендот на реализирање на покривни градини, како замена за традиционалните паркови и тревници.
Секако дека ова гледано од финансиска гледна точка е поисплатлива опција, да се изгради покривна градина на некоја веќе постоечка изградена и исплатена зграда, одколку да се купи земјиште и на него да се прави зелена оаза, секако ова во развиените земји е уште по исплатливо затоа што во некои од нив, законодавството стимулира вакви потфати, односно правење на покривни градини.
Во Република Македонија не е регулиран статусот на зелените урбани површини, а ни најмалку пак не се спомнува за покривни градини. Во урбаните гратски подрачја би се намалил процесот на градежништво и индустријализација, за чија сметка би се сочувале зелените урбани површини, кои имаат за цел да ја одржат урбаната гратска површина во чиста, односно на граѓаните да им пружат места, за одмор, релаксација па и чист воздух, а процесите на индустријализација и градежништво би се насочиле кон некој друг правец, односно ширење на градовите во нивната периферија.
Како не би имало незадоволности и од страна на подржувачите на зеленилоти и на подржувачите на инустријализацијата и градежништвото во светски рамки почнуваат да се градат и имплементираат покривни градини.
Во Република Македонија на 5 Јули во 2005 година е донесен Закон за животна средина со кој се уредуваат правата и должностите на Република Македонија, на градот Скопје и на општините во градот Скопје и општините во Република Македонија како и правата и должностите на правните и на физичките лица, во обезбедувањето услови за заштита и за унапредување на животната средина, заради остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.
Во Република Македонија во 2015 година од страна на политичката партија „ДОМ“ е поднесен предлог Закон за урбано зеленило. Со овој закон се уредува планирањето, проектирањето, подигањето, одржувањето, заштитата, користењето и реконструкцијата на урбаното зеленило, финансирањето и управувањето со него, како и надзорот над примената на одредбите на овој закон.
Придобивките што ги добиваме секојдневно од зеленилото што не опкружува се многубројни. Некои од нив може да се препознаат визуелно, за некои пак е потребно да се направат поголеми посеопфатни студии, на подолг временски период. Во секој случај, тие грубо може да се поделат на три типа, социјални, економски и еколошки придобивки.
Како што знаеме и секојдневно увидуваме на фактот дека живееме во време и процес на индустријализација и градежништво. Во процес во кои што се почесто и во поголема мера се заменува зеленилото со градежни парцели и се остава се помалку простор за здрава животна среина во урбаните центри.
Како најдобро да се дојде до економска придобивка од заземањето на зелените површини во урбаните центри а и сепак да остане на истото место зелена површина, би се имплементирале покривните градини, односно на местото каде што е пренаменето како градежна парцела и на кое што ќе „никне“ некаков објект, деловен, стамбен... на иститот да се имплементира покривна градина.
Со помош на покривните градини добиваме огодмни придобивки,
како: социјални, здравствени, економски.
Со импеленитирањето на покрвините градини како на ново изградените објекти па така и на старите објкети, се добиваат придовики, како за станарите, посетителите на објектот така и за целата средина, односно помагаат при апсорбција на водата, при звучна и термичка изолација, помагаат при намалување на истекувањето на дождовните води од кровните конструкции, како би се намалило и на протокот на вода низ канализационите мрежи или ако веќе има атмосферските канализации и би се намилил ризокот од дефекти и поплави, па така и за разубавување и прочистување на просторот и на крај како убаво и мирно катче за тивот одмор.
Во завистност од кровната конструкција, од нејзината издржливост на напон, на покривната градина можат да се имплементираат разни објекти, како од отворен така и затворен тип, со кои што би се зголемила посетеноста но во однос на зеленилото би се намаило, за цел да се остави простор за имплементација на објектот.
Се почесто во големите центри низ Европа па и низ целиот свет се практикува овој начин на раззеленување, односно процесот на индустријализација, градежништво и модернизација функционира не пречено но се остава простор и за зеленило на начин на имплементирање на покрвини градини.
Се поставува едно големо прашање, во однос на тоа зошто кај нас, на нашиве простори не е толку застапено овој вид на озеленување, односно не се применува покривното озеленување, како модерно и алтернативно за развивање на други пропратни процеси.
Во однос на ова прашање, можеме да добиме многу одговори и во многу различни сфери од животот на граѓаните. Како прво ќе ја земеме информираноста, која во поглед на покривното озеленување, е многу мала, скоро и ја нема, односно луѓето незнаат што значи покривно озеленување, покривна градина, немаат воочено таква во нивната околина, немаат увид во придобивките кои ги нуди, па затоа е и таков голем песимизмот за нивно имплементирање, па во однос на тоа дека ретко кој од старите објекти со кровни конструкции можат да поднесат покривна градина, една причина е нивната издржливост, нивната остареност, друга причина е што ретко на која стара стамбена зграда има кровна површина на која може да се имплементира, затоа што се соочуваме со време кога на секоја зграда, станарите имаат додадено најмалку уште по еден спрат, па со тоа се намалува процентот за шанси за импементирање на покривна градина.
Второто прашање е зошто на новите објекти не се имплементираат покривни градини, еден е фактот дека кај нас ретко кој се занимавал со такво озеленување, проектирање и изведба, односно на инвеститорите скоро и да нема кој да им понуди изведба на вакво озеленување, а инвестицијата и изведбата од страба би ги чинело многу, а кога увидуваат на фактот за неинформираноста стануваат и песимисти во исплатливоста на таквата инвестиција. Секако е и дека инвестицијата е многу поголема доколку би се имплементирала покривна градина, па така становите во стамбениот објект или пак деловните простории во деловниот објект би чинеле многу поскапо во однос на згради кои немаат покривни градини, а во денешно време секој гледа во инвестициите да биде што по ефтино а да изгледа што по модерно, но изгледот не го прафи објектот и ефикасен, односно надворешноста на објектот неможе да се замени со неговите перформанси и придобивки кои ги нуди, односно неможе да се прави компарација помеѓу ефикасноста од објект со и објект без покривна градина, разликите се огромни, во однос на животната средина, во однос на заштедата, апсорбцијата, акомулацијата на вода, па и изгледот на објектот.
Историски гледано покривните градини биле познати по нивната способност да се обезбеди топлинска изолација во ладна клима и да се заштити од прегревање поради преголема изложеност на сончеви покриви во топли климатски предели. Овие особини се многу ценети во време, кога модерните термички материјали за излоација не беа достапни за секого и сечиј џеб. Овие особини во модерното време се едни од најпочитуваните кога станува збор за изолација и покривни градини, но до неодамна за ова можеше да се гледа само од квалитативен карактер, бидејќи немало доволен процент на имплементација за да се обезбеди техничка документација како доказ на сетоа ова.
Потребата за поефикасни и еколошки згради, влошувањето урбаните климатски услови, континуираната урбанизација и знакот дека се поголем замав зема урбанизацијата од импелентирањето на зелени простори, на научниците и доаѓа до идеа да се развијат покривните градини како мерка за подобрување на енергетските услови на зградите и зачувување на животната средина.
Главниот недостаток на покривните градини е во нивната цена на инсталирање, односно за да би се инсталирала и имплементирала една покривна гардина, сумата би била дупло поголема од онаа да се имплементира обична кровна конструкција. Исто така и нанесената маса на почва и изолациони материали како и растителност и дренажни конструкции доведува до барање за зајакнување на потпорноста и отпорноста на самиот објект на поголема тежина, односноно подлогата на која ќе биде имплементирана покривната градини треба да биде дупло поиздржлива од онаа кога би се имплементирала обична кровна конструкција, што доведува до доплнителни трошоци за материјали кои би ја зголемиле сигурноста и отпорноста на самиот објект. Па така на некои постари објекти неможе да се имплементира поривна градина бидејќи барањата за имплементација ги надминува оние статички коефициенти кои ги има објектот, па ризиок за попуштање на конструкцијата би бил многу голем.
Во завистнот од тоа за каков вид на покривна градина станува збор, трошоците за одржување на истата се различни, но некои покривни градини и немаат трошоци за нивно одржување.