ЗА НАС
Студиото СС Архитект & Дизајнер официјално ја започнува својата визија во 2017г. во Гостивар, Македонија под раководство на М-р Сухејб Садику, кој ги завршил своите студии на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, Македонија.
Нашата компанија со специјализација за архитектура и градежништво, се базира на професионално искуство и има за цел да создава
конструктивен дизајн со уникатна вредност.
Со досегашнто работење и вербата во нашите клиенти вооедно и во нашата квалитетна работа како професионалци се повеќе имаме сила за понатамошно постоење и качување со поедно скалило погоре .
Како кохезионен тим, создаваме врвни и модерни стилови на различни проекти во архитектурата и градежеништвото.
Со постојана комуникација и соработка со клиентите, како и слушајќи ги нивните желби и идеи, подготвени сме истите да ги реализираме.
Спремни сме да одговориме на секој нов предизвик од идеја до завршна реализација. наша финална сатисфакција претставува задоволството на инвеститорот и крајниот корисник.
Тимот на нашето студио брои неколкумина млади и амбициозни архитекти ,градежни инженери и електроинженери во областа на архитектурата и градежништвото, кои заеднички работат и надградуваат софистициран концепт на дизајн. Согледувајќи ги желбите на клиентите, ја анализираат постоечката ситуација и пронаоѓаат иновативни и функционални решенија.
ЗОШТО СС Архитект & Дизајнер
Процесот на учење на архитектура подразбира повеќе начини како да се дојде до посакуваното знаење и вештини. Истражувањето на референтни примери на архитектонски градби како и ентериерниот дизајн претставува прагматичен начин на учење архитектура и дизјн кој придонесува за подобро разбирање и совладување на аналитичката фаза на проектанскиот процес за посакуваниот краен резултат.
Тука сме со цел да создадеме квалитетна и долгогодишна идеја преточена во физичка изведба.
СС Архитект & Дизајнер примарно е посветен да креира функционални и практични простори, кои би ги исполниле потребите на своите клиенти. Врвната услуга и безбедноста е нашата движечка сила во секој идеен проект.
Секој простор, секое мисловно обликување на клиентите претставува поттик за нас и нашиот тим, за наша инспирација и пронаоѓање на решение. Наша цел е вашата визија да ја претвориме во реалност и да обезбедиме квалитетна , сигурна и долгогодишна соработка со нашите клиенти.
Работиме тимски, затоа што веруваме дека тимот е она што претставуваат темелите на една силна конструктивна врска.
Секогаш предводени под нашиот предизвик
,, Less is more” -,,Помалку е повеќе.”
ШТО НУДИМЕ
Нудиме комплетна документација до дозвола за градба и нивна изведба реконструкција , санација реализација на јавни и станбени објекти , комерцијални , културни и образовни установи и ентериери.
- Прелиминарна 3Д визуелизација на ваши идеи
- Изведба на внатрешно уредување
- Изведба на архитектонски објекти
- Изведба на патишта
- Подготвка на целосна документација и финансиска анализа
- Надзор