21/05/2026
Во Архитектон Дизајн се одржа практична настава за учениците од СОУ „Таки Даскало“ – Битола, градежно-геодетска струка, насока градежен/архитектонски техничар.
Практичната настава беше реализирана врз основа на договор за практиканство склучен помеѓу Архитектон Дизајн и СОУ „Таки Даскало“ – Битола.
Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со работата во областа на архитектурата, проектирањето и современите пристапи во градежништвото.
Преку практични примери и професионално искуство, тие стекнаа нови знаења и увид во реалните процеси на работа.
Им благодариме на учениците и професорите за посетата и интересот.
Архитектон Дизајн – поддршка на младите идни професионалци.