Фирмата Електротехника Инжинеринг ДООЕЛ – Кавадарци е основана во 2014 година со основна дејност електроинсталатерски работи. За многу кратко време фирмата расте и ја проширува својата дејност. Денес нашата фирма брои повеќе од 40 вработени и се занимава со електроинсталации, водоводно – канализациона мрежа и вентилација, комплет системи за греење и ладење, солари, мотажа и сервисирање на краневи…
како и мала браварска работилница.
Нашата проширена дејност ни овозможува да имаме комплетно услужување и одржување на поголеми ланци на маркети во нашиот регион, како и поголемо учество во изградба на станбени комлекси,деловни објекти, хали, магацини… не само во Кавадарци, туку и на територија на целата Република.
Покрај правните лица, голем дел од нашите услуги ги користат и физичките лица бидејќи во изминатиот период се докажавме како фирма која посебно внимава на квалитетот на извршените услуги и користените материјали.
Исто така нашата фирма се јавува и како надворешен соработник на големи компании кои имаат потреба од квалификувани работници.
Воедно сме и овластени сервисери на Рехау.
Нашата мисија е во краток временски период да се одговори квалитетно и навремено на бараните услуги како од приватните така и од физичките лица, поставувајќи повисоки стандарди во извршувањето на работите и постојано усовршување.
Визијата на нашиот управувачки тим е постајано растење и проширување во дејностите кои ги извршуваме следејќи ги промените и новитетите кои ги носи пазарот како и предизвиците за одржливо енергетско ефикасно градење.