03/09/2026
Современ тапациран лежај изработен по мерка и според индивидуалните потреби на клиентот, комбинација кој ги обединува елегантниот дизајн, удобноста и квалитетот.
Меките заоблени форми и двојниот тапациран наслон му даваат препознатлив и современ изглед, додека внимателно изработената конструкција обезбедува стабилност и долготрајна употреба.
Лежајот е изработен со цврста конструкција, квалитетна латофлекс подлога и средишна метална потпора за дополнителна стабилност и правилна поддршка на душекот. Металните ногарки дополнително придонесуваат за сигурноста и издржливоста на целокупната конструкција.