ДГПТУ СТАНарт дооел, Куманово е фирма со долгогодишно искуство во полето на архитектура и урбанистичко планирање. Компанијата е основана во 1997 година, а од своето формирање до денеска таа се трансформира во биро кое нуди сеопфатни професионални услуги во областите на архитектонско проектирање, урбанизам и внатрешен дизајн. Со седиште во Куманово, компанијата е специјализирана за станбена, комерц
ијална и индустриска архитектура, а своето делување го распространува низ територијата на целата држава, како и меѓународниот пазар.
Стручниот тим на СТАНарт стреми да понуди квалитетна услуга за клиентот, а кон секој проект се пристапува со посветеност и дисциплина со цел истиот да има високо ниво на дизајнерски израз и функционалност, а во исто време да се задоволат потребите и барањата на клиентот. Со цел да се задоволат сите стандарди и законски нормативи, во процесот на проектирање и урбанистичко планирање максимално е ставен акцент на техничката прецизност.
Со извонредни квалификации, силна репутација за креативност како и историјат на одлична услуга за клиентите, компанијата стреми кон проектирање и планирање на највисоко професионално ниво, а крајната цел на секој проект е да обезбеди квалитетен простор задоволувајќи ги потребите на клиентот.