27/06/2024
Почитувани Колеги и Корисници,
Ни претставува големо задоволство да Ве информираме дека ГеоВилд МАК успешно ја спроведе процедурата за акредитација на метролошка лабораторија за калибрација на геодетски мерни инструменти согласно MКС EN ISO/IEC 17025 : 2018 стандардите.
https://iarm.gov.mk/wp-content/uploads/2024/06/OB-05-32-verzija-8-Prilog-LK-023-26.06.2024.pdf
Опсегот на нашата лабораторија е : Теодолити, ЕДМ Должиномери, ГНСС ГПС приемници, Нивелири, 3Д Ласерски Скенери и Тотални Станици од сите производители,
Редовната проверка на перформансите на Вашите мерни инструменти е предуслов за квалитетно извршување на геодетските услуги, како и основно барање согласно ISO стандардите за квалитет,
Потврдете ја точноста на Вашите уреди и навремено откријте ги можните дефекти на опремата која ја поседувате со што ќе ги избегнете скапите грешки кои може да произлезат од погрешно добиените резултати,
Согласно процедурата контактирајте не на [email protected] за да Ви испратиме Барање за Калибрација кое треба да се пополни пред да започне постапката,
Со почит,
Ваш ГеоВИЛД МАК тим