Трговското друштво за производство, трговија и услуги ОГНООТПОРНО Д.О.О. , како реномирана компанија, преку современата технологија што ја применува, а при тоа запазувајки ги врвните технологии и стандарди врши продажба, набавка, подготовка и изведба на услуги во огноотпорството во согласност со барањата на клиентите и заштита на животната средина.
Клиентите за нас се на прво место и секогаш сме
насочени кон задоволување на нивните барања и нудење на квалитетни услуги.
Тимската работа е дел од деловниот успех. Нашите принципи се засноваат на интегритет, чесност и фер однос кон нашите соработници и клиентите.
Нашата цел покрај задоволување на барањето на соработниците е и стремежот кон постојано подобрување на ефективноста на системот на менаџмент со квалитет и постојана заштита на животната средина во согласност со нашиот контекст и стратегиската насока на организацијата.
ОГНООТПОРНО Д.О.О. е посветен на своите потрошувачи и деловни соработници, поттикнувајќи ги вработените да ја имплементираат оваа политика преку реализација на следните активности׃
• Разбирање на желбите и потребите на клиентите и обезбедување на услуги во огноотпорството согласно нивните потреби и барања
• Да е во тек со модерната технологија врз основа на потребите на пазарот и своите клиенти;
• Следење, мерење и подобрување на задоволството на клиентите во индустрискиот сектор каде што е застапена со своите услуги
• Интегрирање на принципите и методологиите на менаџментот со цел за квалитетно работење и управување
• Постојано подобрување на процесите и услугите, за остварување бенефит на сите инволвирани страни, т.е корисници, добавувачи, вработени, сопственици како и општеството во целина
• Усогласеност со законските и други барања за заштита на животната средина;
• Заштита од загадување преку постојана контрола и намалување на загадувањето;
• Влијание врз свеста на луѓето за важноста на зачувувањето на животната средина;
• Водење грижа и вклучување на обврска за заштита на животната околина, со придржување до барањата на стандардот, одржување и перманентно подобрување на системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на интегрираниот менаџмент систем ИСО 9001:2015 и ИСО 14001:2015.
_________________________________________________________
We can offer you solution in bricklaying, insulation and casting on all types of industrial aggregates:
- Rotary kilns
- Steam boilers
- Furnaces
____________________________________________________________________
ОГНООТПОРНО Е КОМПАНИЈА СО ГОЛЕМО ИСКУСТВО ВО ЦЕМЕНТНАТА, ХЕМИСКАТА И ЧЕЛИЧНАТА ИНДУСТРИЈА. НЕЈЗИН ФОКУС Е НАВРЕМЕНА САНАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ОГНООТПОРНИ ОЅИДИ НА ИНДУСТРИСКИ АГРЕГАТИ.