27/08/2026
Желбата на инвеститорот беше да се создаде современ семеен дом на едно ниво, со јасно организирани функции и директна поврзаност со дворот.
Објектот од 283 m² го решивме со централно поставена дневна зона, која ги обединува кујната, трпезаријата и дневниот престој. Преку големите стаклени отвори, внатрешниот простор природно продолжува кон покриената тераса и надворешната зона за одмор. Приватните и сервисните простории се издвоени во посебни делови од куќата, а гаражата е директно поврзана со внатрешноста.
Фасадата е обликувана со чисти хоризонтални линии и рамни површини кои ја нагласуваат приземната форма на објектот. Комбинацијата од светла фасада, камени облоги, бетонска текстура и дрвени детали создава балансиран контраст помеѓу масивните и топлите елементи.
Широките настрешници ги штитат стаклените површини од директно сонце и атмосферски влијанија, а истовремено формираат пријатни покриени зони околу куќата. Интегрираното линиско осветлување дополнително ја нагласува геометријата на објектот во вечерните часови.
Инвеститор: приватен
Локација: Струмички регион
Површина: 283 m²
Архитектура и дизајн: Angelov Design & Build